Крајно време е за инвестиции во Коридорот 8

Bez autora
Oct 19 2011

Блокадите на границата со Грција повторно го актуализира прашањето за изградбата на патишта и на пруги што ќе бидат алтернатива на Коридорот 10, единствениот што минува низ нашата земја засега. Патиштата и пругите треба да се градат бидејќи привлекуваат сообраќај, а не обратно, да се чека да има поголема фреквенција на стоки и на луѓе, па да се градат нови“, коментираат домашните експерти, кои сметаат дека веќе е дванаесет и пет за довршување на Коридорот 8 низ Македонија. За изградбата ќе треба да се издвојат големи средства, но во иднина и тие ќе ни донесат уште повеќе пари во сите сегменти на стопанството, сметаат тие. Македонските бизнисмени одамна бараат инфраструктурно поврзување на релацијата исток-запад што ќе обезбеди побрз и поголем проток на стоките што ќе станат поконкурентни на европскиот пазар.

Крајно време е за инвестиции во Коридорот 8Блокадите на границата со Грција повторно го актуализира прашањето за изградбата на патишта и на пруги што ќе бидат алтернатива на Коридорот 10, единствениот што минува низ нашата земја засега.

Патиштата и пругите треба да се градат бидејќи привлекуваат сообраќај, а не обратно, да се чека да има поголема фреквенција на стоки и на луѓе, па да се градат нови“, коментираат домашните експерти, кои сметаат дека веќе е дванаесет и пет за довршување на Коридорот 8 низ Македонија. За изградбата ќе треба да се издвојат големи средства, но во иднина и тие ќе ни донесат уште повеќе пари во сите сегменти на стопанството, сметаат тие.

Македонските бизнисмени одамна бараат инфраструктурно поврзување на релацијата исток-запад што ќе обезбеди побрз и поголем проток на стоките што ќе станат поконкурентни на европскиот пазар. Малиот обем на сообраќај и на превоз на стока и на патници по нашите патишта не смеат да бидат оправдување за долгогодишното статус кво во инвестирањето во патната и железничката мрежа низ државата. Единствено прашање, според експертите, е дали приоритет треба да се даде на патната или на железничката инфраструктура. Според првичните пресметки, инвестициите за целосно довршување на пругите и на автопатиштата кон исток и запад би чинеле речиси 1,5 милијарда евра.

Македонија е мостот меѓу Албанија и Бугарија, односно меѓу Јадранското Море и Црното Море кои се поврзуваат со Коридорот 8. Преку нашата земја минува најкратката врска помеѓу пристаништата Драч и Бургас, кои се многу потребни на македонското стопанство, особено за обезбедување на поголема присутност и конкурентност на нашите производи на европските пазари. Инфраструктурното поврзување на трите земји веќе подолго време е едно од најчестите барања од македонските компании, особено извозните и транспортните, кои, како што е случајот и деновиве, трпат огромни загуби кога е блокиран транспортот на нивната стока низ Грција.

„Не треба повеќе да се чека за довршувањето на Коридор 8“, смета професорката Радојка Дончева од катедрата за патишта на Градежниот факултет во Скопје. Таа додава дека малиот обем на сообраќај во моментов не е индикатор дека сообраќајната врска со Албанија и Бугарија во иднина нема да биде самоодржлива. „Државите, патиштата и пругите, поточно сообраќајната мрежа ја планираат 15 или 20 години однапред. Патиштата откако ќе бидат изградени самите ќе привлечат сообраќај, бидејќи, логично е ако некаде нема пат, нема ниту сообраќај“, објаснува Дончева.

По пропаѓањето на тендерот за избор на концесионер кој ќе ги изгради и стопанисува патиштата долж Коридорот 8, не е јасно дали државата повторно ќе бара концесионери или сама ќе инвестира во доизградба на над 200 километри автопат. На исток треба да се изгради автопат меѓу Романовце и Крива Паланка со коловоз со по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една лента за застанување со широчина од 2,5 метри во секој правец. Должината на патот е 60 километри, а вредноста на проектот е 273 милиони евра. На запад, автопатот кој е изграден до Гостивар треба да се продолжи до Охрид, поточно до Ќафасан, со краци од Требениште до Струга и од Струга до Подмоље. Вкупната должина на овој патен правец е 128 километри, а изградбата би чинела речиси 500 милиони евра.

Изградбата на полуавтопат со грчки профил или експресен пат, според професорката Дончева, можат до некаде да ги намалат огромните суми потребни за овие инвестиции.

„Изградбата на по една лента во секој правец како и по уште една за застанување во прв момент сосема ќе ги задоволи потребите за поврзување со патната инфраструктура во соседството“, вели Дончева, нагласувајќи дека државата треба да ги обезбеди трасите со навремена експропријација на земјиштето, на кое во иднина ќе може да ги доизгради автопатиштата во поголем профил.

За довршување на железничкиот Коридор 8 низ Македонија треба да се изградат над 150 километри пруга. Веќе постојната линија до Кичево треба да се поврзе со албанскиот град Лин, а на исток, Куманово со Бугарија. За пругата до Лин веќе се изработени идејниот проект и физибилити студии, а се работи на основниот проект за трасата, железничките станици и за мостовите и тунелите за пругата долга околу 63 километри кој ќе биде готов дури по три години. Целиот проект ќе чини над 300 милиони евра. Тешките делници со комбинации на ридести и рамничарски делови и потребата од изградба на неколку мостови и тунели, ја качуваат цената на еден километар пруга на 5 милиони евра. Според процените, пак, за изградба на вториот дел од Коридорот 8, пругата Куманово–Крива Паланка–Деве Баир во должина од 89 километри се потребни 480 милиони евра, додека за реконструкцијата на постоечката линија Кичево-Скопје–Куманово, ќе треба да се потрошат околу 65 милиони евра.

„Размената и сообраќајот меѓу Македонија и Албанија и Бугарија во моментов се големи, а со довршувањето на железницата сигурно е дека ќе се зголеми со товари од регионот. Извесно е дека и голем број компании би се заинтересирале за брз и ефикасен превоз со железница, заради голем број поволности. Тоа не уверува дека изградбата на мрежата сигурно ќе биде економски исплатливо, вели професорот од Градежниот факултет, Зоран Кракутовски. Тој додава дека македонската железничка мрежа, всушност нема ефект на мрежа. Има само една линија, Коридорот 10 и два слепи завршетоци кон Кочани и Кичево, каде сообраќајот не завршува во круг. Поради тоа, вели Кракутовски, инвестициите во нови линии се очекувани одамна.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik